Утрово на Универзитетската клиника за Неврохирургија, со ново воведената метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење, успешно е направена со иновативниот уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност.
Овој систем, веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија.
Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода, наведувааат од министерството за здравство.
