Нов пресврт: Иран го затвори Ормускиот теснец!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Командата на иранската војска објави соопштение за состојбата во Ормускиот теснец.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп вчера инсистираше дека САД ќе ја задржат блокадата на иранските пристаништа во Персискиот Залив, и покрај тоа што Иран го укина затворањето на Ормускиот теснец – клучен канал за глобалниот извоз на нафта.

Поглед на Ормускиот теснец

Портпаролот на централниот штаб „Хазрети Хатам ал-Анбија“ изјави дека рутата „ќе се врати во претходната состојба“ на строга контрола поради тоа што САД одбиваат да ја укинат блокадата, пренесува Скај Њус.

Не беше јасно дали тоа значи дека теснецот повторно ќе биде главно затворен, откако утрово сообраќајот беше зголемен, но иранската државна телевизија IRIB во меѓувреме официјално извести дека Ормускиот теснец „сега повторно е затворен“ и дека за премин е потребно одобрение од Иран.

Во продолжение го пренесуваме военото соопштение на Иран во целост:

„Исламската Република Иран, по претходно постигнатите договори во преговорите, со добра намера се согласи на контролиран премин на ограничен број танкери за нафта и трговски бродови низ Ормускиот теснец.

За жал, Американците продолжуваат со таканаречената блокада.

Поради тоа, контролата врз Ормускиот теснец е вратена во претходната состојба, а овој стратешки теснец е под строга управа и контрола на вооружените сили.

Сè додека САД не овозможат целосна слобода на премин за бродовите од Иран кон нивните дестинации и обратно, состојбата во Ормускиот теснец ќе остане под строга контрола и во претходната состојба“, се наведува во соопштението.