Најпопуларната крипто валута во светот продолжи рапидно да расте, а денес околу 13 часот, биткоинот достигна нов рекорд.
Имено, оваа дигитална „паричка“ вредеше 57.500 долари.
Цената на биткоинот минатата ноќ ја надмина границата од 56.000 долари, а пазарната капитализација на криптовалутата вчера беше над милијарда долари.
Веќе неколку недели, биткоинот ги руши сопствените рекорди, а на почетокот на неделата ја премина „магичната граница“ од 50.000 долари.
Цената на биткоинот се зголеми за околу 350 проценти во последните шест месеци, додека вредноста на оваа криптовалута се зголеми седум пати во последната година.
Пред вртоглавиот пораст, биткоинот никогаш не се тргуваше над 20.000 американски долари.
Растот на неговата вредност беше стимулиран од инвестициите на големите компании, а „домино-ефектот“ започна кога Елон Маск и неговата компанија, производителот на електрични автомобили „Тесла“, купија биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.
Други големи инвеститори исто така најавија нејзино прифаќање, при што Њујорк Мелоун, најстарата банка во САД, најави влез во деловната сфера на почетокот на овој месец.
