Нов силен земјотрес ја потресе Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер се случи во 3:06 часот наутро по локално време во Грција во Коринтскиот Залив, според Атинскиот геодинамички институт.

Во соопштението од Атинскиот геодинамички институт се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри југоисточно од Галаксидис, на длабочина од 13 километри.

Засега нема информации за повредени или материјални штети.