Нов систем за паркирање во општина Центар: Прво возило бесплатно, второ 500 денари месечно, трето 1.500 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Центар имплементира нов систем за паркирање, со цел порамномерна распределба на јавниот простор и намалување на сообраќајниот хаос во централното подрачје на градот.

Според новите правила, преференцијалните паркинг картички повеќе нема да се издаваат по лице, туку по станбена единица, односно по адреса.

Од ЈП „ПОЦ“ велат дека сегашниот модел му овозможил на едно семејство да регистрира неколку возила со привилегирани услови, дополнително оптоварувајќи го ограничениот паркинг простор.

Со новиот систем, првото возило ќе има бесплатен паркинг, за второто возило ќе се плаќаат 500 денари месечно, а за третото 1.500 денари.

Од компанијата велат дека целта не е ограничување, туку воспоставување рамнотежа и порационално користење на јавниот простор, особено во населбите Дебар Маало, Капиштец и Буњаковец, каде што недостатокот на паркинг места е најизразен.