Уште еден нов случај на затруено дете во Куманово.
Станува збор за 4-годишно дете, кое испило повеќе таблети. Истото во моментов е стабилизирано и е транспортирано во Клиника во Скопје.
„Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Куманово.
