Нов земјотрес во близина на Крит со интензитет од 5,3 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 19 часот по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот е само на неколку километри подалеку од епицентарот на силниот земјотрес од 5,7 степени, регистриран пред 12 часа.

За сега нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.