Поситетелите на дворецот на Дракула во Трансилванија, побрзо ќе најдат убод на своето рамо, отколку на вратот, откако лекарите во таа туристичка атракција поставиле центар за вакцинација против коронавирус.
Лекарите и медицинските сестри бесплатно нудат вакцина на Фајзер на сите посетители на дворецот.
Вработените во дворецот веруваат дека оваа, несекојдневна услуга, ќе привлече повеќе луѓе во дворецот сместен во романските Карпати, каде што бројот на туристи драстично опаднал поради пандемијата.
Кој како сака, може да се појави без пријавување секој викенд и да се вакцинира. Исто така со вакцината имаат и слободен влез на изложбата на кои се преттавени 52 средновековни направи за мачење.
