Нова динамика за да се надминат проблемите, Османи изрази жалење на Захариева за меморандумот на Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот меморандум повторно го попречува патот на Северна Македонија кон ЕУ. Документот содржи прашања кои се деликатни меѓу Скопје и Софија, како што е јазикот и неколку историски точки и дојде две месеци пред состанокот на Европскиот совет, по кој се предвидува да се одржи заедничката меѓувладина конференција меѓу Скопје и ЕУ.

За меморандумот, македонскиот МНР, Бујар Османи, разговарал со бугарскиот хомолог, Екатерина Захариева, на која, како што вели, и изразил жалење за содржината на документите, а како начин за да се надминат дилемите предлагал да се воведе нова динамика во комуникацијата.

И бугарската страна е подготвена за интензивирање на комуникацијата, рече шефот на македонската дипломатија, но се уште не е одреден конкретен датум кога може да се одржи состанок меѓу функционерите на двете држави. Османи вели дека исто така во текот на разговорот со Захариева е истакнато дека треба да продолжи интензивната работа на комисиите за историја, далеку од стегите на политиката.

И генералната секретарка за регионална соработка, Мајлинда Брегу, се надева дека Бугарија и понатаму ќе продолжи да не поддржи и нема да стане пречка за интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Таа денеска се сретна со државни функционери.

„И понатаму верувам дека Бугарија ќе продолжи да остане поддржувач на интеграцискиот процес на двете држави, не само поради тоа што цело време тоа го правеше, туку и поради тоа што Бугарија ги има посвежи сеќавањата и страдањето на интеграцискиот процес и тешкотиите на процесот и се надевам дека моментот на Самитот во Софија ќе биде добар момент за да и дадеме решение за проблемите и прашањата кои ги спомнавте.“, вели Брегу.

Токму Самитот во Софија, кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес, е како дополнителен поттик, додадена вредност и понатамошен промотор на регионалната соработка. Северна Македонија и Бугарија се две земји кои заедно претседаваат со овој процес.