Нова драма: Авион на Ер Индија мораше итно да слета поради проблеми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на индиската авиокомпанија „Ер Индија“, кој леташе за Њу Делхи, се врати во Хонг Конг во понеделник како мерка на претпазливост откако пилотот се посомневал на технички проблем, изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со прашањето.

Изворот наведува дека авионот моментално се проверува.

Според податоците од веб-страницата Flightradar24 , авионот се вратил на аеродромот во Хонг Конг откако бил во воздух нешто повеќе од еден час.

Инцидентот се случи неколку дена откако авион на „Ер Индија“ од ист тип, кој леташе за Лондон, се урна во западниот индиски град Ахмедабад, неколку моменти по полетувањето, при што загинаа 241 од 242 лица во авионот, а на земја има пријавено 29 жртви.