Нова година донесе пораст на случаите со ковид-19 – Асани: Причина се прославите, нè очекува нов бран

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Последните два  дена има пораст на бројот на заразени  со ковид 19. Претходниве денови  со приближен  број тестови, на дневно ниви имаше помалку позитивни случаи. Лекарот Арбен Асани смета дека ова  ќе б иде следниот бран  на корона  вирусот кој веќе ја зафати цела Европа.

  • 1 јануари 2022, 6.651 тестирања, позитивни  435 случаи.
  • 31 декември 2021, 5.990 тестирања, позитивни 542 случаи.
  • 30 декември 2021, 5.489 тестирања, 373 позитивни случаи.

Асани за ТВ 21 вели дека  во следните 10 дена се очекува двојно зголемување на позитивните случаи со корона вирус, како резултат на новогодишните празници. Граѓаните     заборавија на држењето растојание и носењето маски, славеа дома и во локалите,  заборавија на вирусот, вели тој. Не очекува нов бран и влошување на епидемиолошката состојба   заради отсуството на поригорозни мерки, додав а Асани.

„Ширењето на  вирусот   се случува брзо   и ефектот се гледа некаде по 2 недели, кога ќе биде врвот заради групирањата на роднини. Со доаѓањето на печалбарите  и нашинците кои живеат надвор од земјава, истовремено и групирањата на прославите  , се причина  за повисок  број и зголемување на позитивните случаи следниве денови“, вели Арбен Асани.

Вчера министерот за  здравство Венко Филипче соопшти дека  само на Инфективната клиника во Скопје се третираат 60 пациенти кои се позитивни на корона вирус, а 40 од нив се на кислородна поддршка.

Во земјава е забележан еден случај на новиот сој Омикрон. Министерот  во заминување, Филипче сепак смета дека состојбата е мирна и дека нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки ниту пак некаква мерка за поттикнување на граѓаните за вакцинација.