Онлајн-услугите на Мајкрософт беа погодени од нов прекин само неколку дена по глобалниот колапс што зафати голем дел од светот, пренесува „Интепендент“.
Компанијата соопшти дека ги истражува извештаите за кориснички проблеми при пристапот до нејзините услуги, при што некои пријавиле дека не можеле да пристапат до е-пошта и други функции.
Во известувањето на веб-страницата за статусот на услугата на технолошкиот гигант се вели дека разгледува проблем со „мрежна инфраструктура“ што влијае на пристапот до услугите на „Мајкрософт“.
Инцидентот доаѓа помалку од две недели по глобалниот колапс, кој погоди различни сектори како што се транспортот и здравствените услуги. Ова беше предизвикано од неисправно ажурирање на софтверот од фирмата за сајбер безбедност CrowdStrike.
На својата веб-страница, Мајкрософт објави:
„Истражуваме извештаи за проблеми поврзани со услугите на Microsoft ширум светот. Клиентите може да доживеат доцнења при поврзувањето со услугите на Azure. Имаме повеќе инженерски тимови посветени на дијагностицирање и решавање на проблемот. Повеќе детали ќе бидат соопштени во најкраток можен рок“.
