Основното училиште „Лиман Каба“ во село Љуботен, општина Бутел денеска доби нова компјутерска опрема во вредност од над 600.000 денари. Со ова, основното училиште сега има нов современ кабинет по информатика каде децата ќе можат да се образуваат и да постигнуваат успеси.
Како што соопшти Општина Бутел, учениците и вработените во училиштето денеска ги посети градоначалникот Дарко Костовски, кој истакна дека рамномерниот развој и подеднаквиот напредок на општина Бутел е негов приоритет.
