Нова надеж за затворениот базен во Кичево, ново ветување до есен ќе биде завршен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По четири години нова надеж за продолжување на градежните работи на базенот во Кичево, кој почна да се гради уште во 2020 година. Според новите информации, базенот почнал да го гради нова компанија, која дава нов рок за завршување.

Новите снимки покажуваат дека базенот сега е затворен од страните и поставени се врати и прозорци, за разлика од претходнодно кога кучињата скитници се засолнуваа внатре.

Овој пат немавме пристап да видиме до каде се работите во внатрешниот дел на базенот, но кога го прашавме градоначалникот на општина Кичево, тој ни рече дека ќе биде готов до есен.

-Имаше проблем со процедурите кои беа надминати, веќе имаме нов момент Министерот за млади и спорт, актуелната комапнија која го гради успеа да го заврши поголемиот дел на тој проект и до крајот на есент да се завши, доколку евентуално не почнат други проблеми со промената на Владата, вели Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево.

Но кичевци се скептични дека овој базен ќе биде завршен. Дури прават и шеги.

Овој базен почна со изградба во 2020 година и беше предвидено да заврши за 18 месеци. Затворенот базен, прв од ваков вид во Кичево, е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт, во износ од 43 милиони денари.