Нова сезона, ново студио – започна со емитување „Урбан таг“ на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После два месеци пауза, во новото урбано студио на ТВ21 повторно започнува најновата сезона на емисијата „Урбан таг“ со Валентин Петрески.

Од ново студио, со нови свежи идеи ја започнуваме новата сезона, традиционално на 16-ти септември.

Денешни гости во студиото беа Ненад Георгиевски, директор на Скопје Синема Сити (фестивал за музички документарци) и пејачот Васил Гарванлиев кој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2020 година во Ротердам, но поради светската пандемија со коронавирусот ова шоу беше откажано.

Тино е вашиот домаќин и во оваа сезона ќе ви понуди интересни соодржини, зачувувајќи го квалитетот на продукција и гостите кои ќе бидат дел од емисијата.

Сите емисии кои евентуално сте ги пропуштиле по емитувањето ќе бидат достапни на веб страницата на ТВ21 како и нашите социјални медиуми.