Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починала пациентка на возраст од 65 години заболена од коронавирус.
Министерството за здравство посочи дека починатата пациентка е од Лабуништа и имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.
