Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ, денеска ја напушти Австралија.

Според информациите на Би-би-си, тој во моментов патува со летот на Емирати ерлајнс ЕК409, а федерални агенти го придружувале Ѓоковиќ и неговиот тим од деловниот салон до терминалот.

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок, исто така, потврди дека Ѓоковиќ ја напуштил земјата.

Во изјавата тој „ја поздрави денешната едногласна одлука на Федералниот суд на Австралија“.

Хок ги искористи своите министерски овластувања за да му ја откаже визата на тениската ѕвезда, велејќи дека присуството на Ѓоковиќ претставува ризик за „здравјето и добриот ред“ на австралиската заедница.