Новак Ѓоковиќ ја освои 92-та титула во кариерата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ го победи Американецот Себастијан Корда по три часа и девет минути игра со 6:7 (8), 7:6 (3), 6:4 во финалето на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида.

Ѓоковиќ, 21-кратен победник на Грен слем турнирите, по 131-ви пат играше во финалето, а ја освои 92-та титула во кариерата.

Корда, синот на поранешниот чешки ас Петар Корда, по петти пат играше во финалето на турнирот од највисоко ниво, а само во мај 2021 година славеше во Парма. Пропушти и меч-поен против Ѓоковиќ.

Првиот Грен слем турнир во сезоната ќе започне на 16 јануари, а минатата година, по бурните настани во Австралија, Ѓоковиќ не можеше да игра бидејќи не бил вакциниран против новиот коронавирус.

Го избрка својот брат од теренот

Треба да се напомене дека на крајот од првиот сет се случи многу необична ситуација. Најдобриот српски тенисер го исфрли од трибините својот брат Марко откако загуби поен и првиот сет против 22-годишниот американски тенисер.

Ѓоковиќ наеднаш се сврте кон трибините и со рака покажа кон некој во шеснаесетникот и му рече да се тргне. Истото продолжи и кога седна на столчето, српскиот тенисер не престана да му мавта со рака на својот брат за да излезе. На крајот тој неколку пати викаше да си замине од трибините, а потоа камерите го покажаа неговиот брат Марко како заминува од трибините. Се уште не е познато зошто се случило тоа.