Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новак Ѓоковиќ нема да може да го продолжи натпреварувањето на Ролан Гарос поради повреда на десното колено.

По прегледот со магнетна резонанца во вторник попладне, констатирано е дека е оштетен менискусот на десното колено, поради што најдобриот светски тенисер нема да игра против Каспер Руд во среда.

Повеќе за тежината на повредата ќе дознаеме наскоро, Ѓоковиќ е на Ролан Гарос и постои можност да одржи прес-конференција.