Ова е новата населба „Загроје“ во Кичево, каде се изградени над 20 куќи. Населбата е изградена последните 6 години, но жителите се жалат за неасфалтираната улица и нерешеното прашање за отворање на нов пат кој треба да помине преку приватните имоти. Жителите велат дека се во постојан контакт со општинските органи и се надеваат дека наскоро ќе се најде решение.
„Што се однесува до патот на населба „Загроје“, состојбата е ваква како што гледате, сите куќи се урбанизирани и легализирани. За улицата неколку пати претседателот на локалната заедница достави барање до градоначалникот и разговарале по ова прашање. Според градоначалникот, проблемот не е во општината туку кај сопствениците на парцелите, повеќе проблеми прават тие отколку општината“, велат жителите.
За ова населба, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, рече дека изградена е водоводната мрежа, но додаде дека за улицата има имотно правни проблеми.
„Улицата во населбата кој остана неасфалтирана и не бетонирана е поради причините кои веќе ги спомнав неколку пати, а ќе ги повторам и сега, имаме имотно правни проблеми, значи експропријација. Неколку сегменти од улицата се во приватни имоти и жителите се известени за тоа. Неколкумина имаат волја за експропријација, некои ги следат законските процедури. Не повеќе од пред една недела за дел од земјиште е направено отуѓување и продолжуваме со тоа со цел да се направи таа улица“, посочи Фатмир Дехари.
Ова е најновата населба во општина Кичево, каде се изградени над 20 куќи.