Нови детали: Едно лице уапсено, пукал додека бегал во Гази Баба – пронајдено уште едно возило

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице е уапсено по убиството утрово кај Мавровка, дознава ТВ21 од свои извори.

Според нашите информации лицето е уапсено во општина Гази Баба, а додека бегал употребили огнено оружје. Локални жители за нашата екипа ги покажуваат и трагите од куршуми по ѕидовите.

Во потрагата беше вклучен и полициски хеликоптер. Според информации на ТВ21, запленето е уште едно возило кое се поврзува со двете убиства кои се случија во изминатите 24 часа.

Кај Мавровка се уште трае увидов.

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО+ВИДЕО: Убиениот е адвокат, возилото од кое е пукано пронајдено во Гази Баба – со хеликоптер се трага по убиецот

Во моментов членови на потесното семејство пристигнаа кај трговскиот центар.