Нови детали: Видливи дупки на урнатиот азербејџанскиот авион, се појавија сомнежи дека е соборен?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На видеото од падот на авионот на Азербејџан ерлајнс, во кој загинаа 38 лица, се гледаат сомнителни дупки на трупот, што ги подгрева гласините дека авионот бил соборен.

Според „Дејли Мејл“ и податоците на Радар 24, авионот ја прелетал Република Дагестан долж брегот на Каспиското Море, по што исчезнал од радарот, што сугерира дека можело да се изложени на системи за противвоздушна одбрана во Русија.

Инаку, дел од руските аеродроми каде што авионот можеше да се обиде принудно да слета тогаш беа затворени бидејќи областа беше нападната од украински дронови. Околу еден час подоцна, авионот повторно се појави надвор од планираната рута, летајќи ниско над водата во западен Казахстан, пред да се урне.

Како што е познато, авион на Азербејџан ерлајнс се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан со 67 патници и пет членови на екипажот, соопштија казахстанските власти. Авионот летал на релација од Баку, Азербејџан до Грозни, Русија, но бил пренасочен поради магла. Се урна во близина на аеродромот Актау во западен Казахстан. Во авионот имало 37 државјани на Азербејџан, 16 Руси, шест државјани на Казахстан и тројца државјани на Киргистан.