Нови правила во фудбалот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ИФАБ (фудбалскиот управен орган) донесе нова одлука важна во фудбалот.

Се работи за одлука која ќе важи од 1 јули, а истата гласи доколку голманот ја држи топката повеќе од осум секунди, на противничката екипа ќе му биде досуден корнер.

На овој состанок учествуваа и претставници на ФИФА и Фудбалскиот сојуз на Англија, Шкотска и Велс, а одлуката беше донесена едногласно.

Организацијата излезе со соопштение во кое појасни дека голманите сега имаат најмногу осум секунди да ја задржат топката.

Доколку го надминат времето, се доделува корнер за противничката екипа. Претходно границата беше шест секунди, а казната беше индиректен удар, што ретко се случуваше на пракса.

Дополнително, се разговараше и за капитенското правило каде само играчот со лента може да пријде и да разговара со судијата, изјавија дека ова правило може да се применува во сите натпреварувања.