Нови пречки, а старите сѐ уште не решени – поради УНЕСКО ќе се менува трасата од Коридорот 8, патот до Ќафасан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште пред да се надминат старите проблеми, се појавуваат нови.

За градежните активности за Коридорот 8, поточно на делицата од Подмоље до Ќафасан има нова пречка.

Како што тврди министерот за транспорт Александар Николоски, трасата ќе мора да се менува поради УНЕСКО.

Од друга страна, дел од автопатот Кичево-Охрид, од селото Врбјани до Охрид, беше ветено дека ќе биде пуштен во мај 2025 година, но според зборовите на министерот овој дел се чини нема да биде готов. Сега го спомнува летото за пуштање во употреба, а не мај.

На прашањето дали ќе има ново зголемување на вкупната инвестиција на автопатот Кичево-Охрид, Николоски одговори „да и не“, бидејќи според него тоа зависи од многу фактори.