Нови рестриктивни мерки – влез во Израел не е можен следните 14 дена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Израелската Влада воведува нови рестрикции поврзани со Ковид-19, согласно кои влез во Израел не е можен за странски државјани, кои немаат регулиран престој во Израел, следните 14 дена.

Овие рестриктивни мерки почнуваат од денеска (28 ноември), а се воведени во обид да се спречи ширењето на новиот вид на Ковид-19 вирусот, наречен Омикрон.

Министерството за надворешни работи информира дека за израелските државјани, како и странските државјани-резиденти на Израел, кои се враќаат во Израел, се воведува задолжителен 14-дневен карантин.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Израел, пак ги советува државјаните на Северна Македонија да ги почитуваат новите прописи, за да не се соочат со одбиен влез.

Рестрикциите се воведени, во обид да се