Нови цени и на ски-билетите на Попова Шапка – „Летото треба да го дочекаме со првите конкретни инвестиции“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Попова Шапка денеска е под снежна покривка од 10 сантиметри, што сè уште не е доволно за скијање. Но, непосредно пред започнувањето на ски-сезоната во еден од најатрактивните ски- центри во земјава разговаравме со управителот Адем Авзиу кој не информира за новите цени и интересот кај посетителите.

„Енергетската криза наметнува мало поскапување на ски-билетите зборуваме за дневните ски- карти . Имаше и рана предпродажба. Поскапувањето би било минимлано максиунм до 20%. Што се однесува до функционалноста на ски-лифтовите се подготвени, очекуваме дополнителни врнежи од снег за да можеме да ја почнеме сезоната.“, вели Адем Авзиу, Управител на ски-центар Попова Шапка.

Како за потсетување минатата година дневна ски- карта за возрасен чинеше 1100 денари. Сите капацитетите и државните и приватните на Попова Шапка се букирани од средината на декември до февруари. Интересот е голем како од домашните така и од странските туристи. Тоа зборува дека на Попова Шапка и се потребни уште хотели за да одговори на барањата на туристите. Италијанската компанија „ТехноАлпин“ е избран за стратешки инвеститор за Ски-центарот „Попова Шапка“. Нивниот план за развој и модернизација на постоечките скијачки терени и подобрување на примарната инфраструктура доби зелено светло.

„Следен чекор е започнување на преговорите за конкретните инвестиции за конкретните точки каде ќе се инвестира во ски-центарот. Ако се оди со ова темпо се надевам летото ќе го дочекаме со првите конкретни инвестиции во ски-центарот.“, рече Авзиу.

реклама

Инвестицијата со вкупна вредност од 186 милиони евра треба да се реализира почнувајќи од 2023 година во 6 инвестициски фази. Би требало да се изградат два нови хотели, нови ски стази, нови паркинг места, систем за вештачки снег. Понудата доаѓа од компанија производител на системи за правење снег од Јужен Тирол, Италија. На нивната интернет страница стои дека работи од 1990 година, а има 16 подружници низ светот и повеќе од 600 вработени.Произвеле повеќе од 120.000 снежни топови, но и други компоненти, како што се пумпните станици и софтверот, а имаат понуда на гардероба и други додатоци.

реклама

реклама
реклама
реклама