Националниот кризен штаб на Хрватска донесе измени кои се однесуваат на преминувањето на границите сред привремена забрана и ограничување кои се на сила поради пандемијата.
Сите патници кои транзит минуваат низ земјата, ако не ја напуштат Хрватска во рок од 12 часа, автоматски им се одредува самоизолација.
Патниците кои доаѓаат од земји членки на ЕУ, односно држави членки на шенгенски простор и држави придружени на шенгенскиот систем, независно на државјанството, ќе им се овозможи влез во земјата ако поседуваат валидна ЕУ дигатална ковид потврда.
На државјани на трети земји ќе им се овозможи патување само во случај на итност и тоа на здравствени работници, спортисти, гранични работници, работници во патен сектор, дипломати, патници во транзит со задолжително напуштање на земјата во рок од 12 часа, лица кои патуваат поради школување и морнари ако не се задржуваат во Хрватска повеќе од 12 часа.
