„За мене како министер од првиот ден на стапување на функција се уште останува и ќе остане приориетет број еден новиот Клинички центар. Тоа е комплексен проект кој бара неколку решенија меѓу кои и финансискиот дел. Поради немање моментално до сега до денес најдобро финансиско решение за тој проект продолжуваме со реновирање, адаптирање и унапредување на сите наши Клиники во целата наша држава“, изјави Беким Сали, министер за здравство.
Ова го изјави вчера Министерот за здравство Беким Сали пред новинарите, но и пред камерите. За денеска на средба само со новинарите да информира дека новиот Клинички центар кој ќе се гради во Веле Поле ќе се гради со странски пари.
„Новиот Клинички би требало да биде надвор од градот. Имаше две опции Илинден и Веле Поле (Ѓорче Петров), но со оглед на тоа дека првата е индустриска зона и веќе се продадени маркиците, останува Велеполе. Ќе се гради со странски пари“, вели министерот Сали.
На ова, опозицијата гледа како на ново задолжување. Се сомневаат дали постои студија воопшто. И лани ветуваа, а нема документација во делот на инфраструктура- велат.
„Продолжуваат лагите 6-та година. Само се ветува, секоја година, само што не почнала изградбата. Залудни се ветувањата државното здравство е во колапс на штета на граѓаните. Да не крадеа ќе имаше пари за се“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше клинички центар во 2011-та година, а во 2014-та тогашниот премиер Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров сечеа црвена лента за да го означат почетокот на градбата. Од тогаш остана само ископана дупка на местото на старата Клиника за гинекологија. Последен обид за почеток на градба, ВМРО-ДПМНЕ направи на десетина дена пред напуштањето на власта, кога потпиша договор со фирмите Гранит, Бетон и една италијанска компанија за изграба на нов клинички центар на местото на сегашниот во вредност од 72 милиони евра. СДСМ, по доаѓањето на власт во 2017, исто така најави дека ќе гради нов Клиничкицентар. Според нив се работи за потенцијален криминал на несоодветна локација без да се знае колку точно ќе чини.Во меѓувреме, предвидената цена на чинење порасна на околу 500 милиони евра.