Новиот претседател на Антикорупциска даде свечена изјава и ја презеде функцијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корпуција, Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Чучуљ вчера беше избран за нов претседател на Антикорупциска комисија откако беше избран од Собранието, и денеска ја презеде функцијата.

„За мене претставува, пред се, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам и во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги во предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.

Тој доаѓа на местото на Татјана Димитровска која си поднесе оставка откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат поврзани со случајот „Адитив“.