По пат со автомобил кон село Црвевци кичевско, навигацијата те води погрешно, низ куќи и приватен имот. Не само тоа, жителите имаат проблеми со приватниот имот и тоа е причина за семејни кавги.
Проблемот датира од 2011 година кога катастар направи нови мерења и скоро секое населено место има ваков проблем, како влез во туѓ имот од 3 метри, евидентирани улици на сред двор итн.
Кога треба да се среди тоа во Катастар, тогаш настануваат големи проблеми.
„Парцелата во парцела влегува по 3 метри. Влегува соседот кај соседот, и во парцели и во куќи, оди и дотаму цели куќи треба да се преместат според новото мерење. До сега доставивме четири барања до Катастар во Скопје, но од таму немаме никаков одговор, не наидовме на слух.“, рече Фето Даути.
Пред само неколку дена ова село имаше проблем со имотот и новите средства па мораше да интервенира полицијата и процедурата преминала на суд.
„Ние во селото, речиси секој ден, можам да кажа, на секое мерење што го прави катастарот ние како заедница мора да бидеме присутни бидејќи почнуваат проблеми. Уште на првото мерење ни се појави проблем. Вчера имавме еден конкретен случај, ние гледаме каде е границата, знаат луѓето како е опколено местото по сите правила и параметри, го знаеме местото, катастар вади два и пол метра кај братот.“, вели Бетим Кљоси.
Жителите велат дека е срамота земја како Македонија која претендира да стане членка на ЕУ, да има вакви проблеми.
„Јас знам каде припаѓа ова Кичево, припаѓа во РСМ а не во Тунгузија или Африка. Го молам министерот да преземе мерки кон управите и катастарските институции, директорот, заменик директорот и сите кои работат таму и земаат наши пари од буџетот и ние денес ги имаме овие проблеми. Да плаќаме адвокат, да плаќаме катастар, нотар, суд и на крај, полиција и затвор.“, рече Даути.
Тие бараат да останат старите мерења од 1973 а не од 2011 со кои имаат големи проблеми. Жителите најавија и порадикални мерки доколку не се подобри новосоздадената ситуација. Вакви проблеми во ТВ21 пријавија и други населени места низ Македонија. Побаравме одговор од канцеларијата на Катастарот во Скопје, но на нашите повици не одговори никој.
