Насекаде отпад, трева која не е искосена, ова е надворешноста кај некогаш, новата болница во Кичево. Ништо не е сменето ниту по речиси една година по објавата на ТВ21.
Министерот за здравство Арбен Таравари веднаш штом ја презеде функцијата даде ветување за доизградба на оваа болница.
-Работите за доизградба на болницата во Кичово се над 20 години, вели Арбен Таравари, министер за здравство.
Но, граѓаните, изморени од долгото чекање и постојаните ветувања, сега не ни веруваат во доизградба на оваа болница, иако велат дека тоа е неопходно бидејќи здравството во Кичево моментално е во крајно лоша состојба.
Потсетуваме дека Арбен Таравари вети изградба и доизградба на оваа болница во 2017 година во првиот мандат кога беше министер за здравство. Тогаш рече дека ќе се заврши до 2019 година.
-Гарнитурата која раководи последните 15 години од Албанците била од Кичево и за жал овој објект не е завршен. Дојдов овде да покажам дека се издвоени средства така што во 2018 и во 2019 година овој објект ќе биде завршен некаде во март или април 2019 година и целата болница во Кичево ќе премине во новиот објект, вели Арбен Таравари, министер за здравство.
По ова ветување беа сменети уште 3 министри, Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити, за повторно да се врати Арбен Таравари со најновото ветување за болницата која се гради над 40 години. Откако почнала изградбата на болницата се сменети вкупно 18 министри кои ветуваа нејзино завршување.
