Новогодишниот огномет во Сиднеј оваа година без публика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Огномет ќе се организира во Сиднеј и оваа година за новогодишната ноќ, но без публика, најавуваат локалните власти и додаваат дека мерката е одлучена поради епидемијата на коронавирус.

Секоја година, на 31 декември, неколку стотици илјади луѓе излегуваат да го гледаат огнометот, кој е еден од најпознатите во светот.

Властите ги повикаа граѓаните да гледаат огномет на телевизија или од нивните домови.

Во Австралија, држава со 25 милиони жители, од почетокот на пандемијата на коронавирус се заразени 28.300 луѓе, од кои 909 починале.