Њујоршкиот надбискуп: Молете се за нас!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надбискупот на Њујорк, Тимоти Долан објави кратко видео на социјалните мрежи преку кои порача граѓаните да се молат за нив.

„Ова е денот кога влегуваме во конклавата и токму сум пред да влезам во Домус Санкте Мартае, куќата именувана по Света Марта, која му пружила гостопримство на Исус. Секој ден ќе одиме оттука во Сикстинската капела за молитва и гласање, но остануваме тука. Нема да можам да ве контактирам додека не видите бел чад. Молете се за нас!“, рече Долан.