Нула ДДВ за основните прехранбени продукти ДДВ и акцизата за нафтените деривати од 18% се намалуваат на 10%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

400 милиони евра ќе ја чини Владата новиот пакет од 26 мерки за ублажување на економската криза. Предвидено е намалување на ДДВ-то од 5 на 0% за основните прехранбени продукти, како и замрзнување на маржите. Дел од новите мерки се и ваучери за 35.000 граѓаните.

„До крајот на годинава ДДВ-то ќе биде 5% за електрична енергија, а се укинува и еколошката такса за енергенсите. ДДВ-то за нафтените деривати од 18 ќе падне на 10%. Предвидено е и намалување на акцизата“, рече премиерот Ковачевски.

Финансиските средства за овие мерки ќе бидат обезбедени од буџетот на државата.

„Мерките што ги усвои Владата ќе важат откако ќе поминат во Собрание. Поради тоа, премиерот Ковачевски ги повика пратениците да бидат совесни со цел да нема пролонгирање и во најкус можен рок мерките да стапат на сила. Ковачевски вели дека сме исправени пред најголемата економска криза која што Европа и светот ја паметат во поново време и дека ни претстои тешка година која ќе биде надмината со добри политики и мерки. Смирува дека има доволно храна и енергенси во стоковните резерви. Буџетот е стабилен, ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски и нема никакви стравувања и во однос на стабилноста на денарот“, заклучува Бесими.