Нумеролог: Во 2021 ќе ги извадиме маските – „Економијата идната година ќе биде во пораст“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нумерологот кој минатата година погоди дека во април нема да има избори, како и за силниот земјотрес во Турција, синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ја прашавме што велат бројките за новата 2021 година.

„Јас сакам симболично да ја започнеме оваа емисија, затоа ќе ја извадам маската, бидејќи мојот увид за 2021 година кој што ќе биде во знакот на бројот 5, ќе биде бал, но не маскенбал. Значи маските ќе можеме слободно да ги тргнеме. Тоа нема да се случи веднаш се разбира, ќе се случува чекор по чекор“, истакна Мими Силјановска Главиновска.

Силјановска-Главинова се осврна и на економијата која страдаше многу оваа година поради коронавирусот. Додава дека и да не била пандемијата, според нумерологијата економијата ќе била во стагнација во најмала рака.

„Не знам дали ќе бидам во право, ама еве ќе ризикувам да кажам дека во 2021 година економијата треба да биде во порст, во споредба со оваа година гледано“, вели Мими Силјановска Главиновска.

Но, што е со бугарското вето, и со спорот со Бугарија? Дали има шанси да се реши идната година? Силјановска-Главиновска рече дека идната година ќе биде подобра во односите со Бугарија, и дека ЕУ ќе доживее големи промени.

„Нумеролошки гледано, не бев изненадена од ветото од Бугарија. Зошто? Кога ја анализиравме ЕУ, го добиваме 18, како збир 9. 9+4 + 13, и како овие 2020 година, го дава како едноцифрен бројот 4. И затоа јас реков дека во 2020 година самата ЕУ ќе биде во период со изолација, во период кога ќе работи со она што го има   но и дека ќе се случуваат промени во 2021 година“, посочи Мими Силјановска Главиновска.

Силјановска-Главиновска рече дека нумеролошки, ЕУ ќе прима нови членови во 2022 година.