Нов инвентар, антибактериски ѕидови и подови, два пара скали, се некои од предностите на објектот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевси-Корчагин“, која со работа стартува на 9-ти септември. Подготвени за работа се и другите два објекта на градинката.
Средства за дезинфекција, столчиња на дистанца и сунѓери за дезинфекција има пред секоја врата, но сепак сѐ уште не се знае точниот број на децата кои ќе ги посетуваат градинките.
Но, и покрај овие мерки, можат ли градинките да станат нов извор на Ковид-19? Властите убедени дека градинките не можат да се претворат во ново жариште сѐ додека институциите се придржуваат до протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести.
Ако некое дете за време на престојот во градинка добие симптоми, ќе биде изолирано во оваа просторија. На државно ниво градинките имаат капацитет за 19 илјади деца, а според информациите на Министерството за труд и социјална политика со работа не можат да почнат само две градинки во целата држава. Децата ќе мора да носат маски, а на влез ќе им се мери и телесна температура.
