Облачно со дожд – пообилни врнежи во централните и источните делови од земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени.