Облачно со повремени врнежи од дожд, температури од 6 до 14 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претежно облачно, во текот на денот со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и поинтензивни во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.