Облачно со врнежи од дожд, на планините и снег

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови
повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, пообилни попладне, како и во тек на вечерта и ноќта. Минималната температура ќе биде околу 4, а максималната ќе достигне 9 степени.