Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе
наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се
спушти до 5, а максималната ќе достигне 10 степени.