Вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, кој беше суспендиран од неговата функција, одржа прес конференција каде обвини за притисок и манипулации врз него од јавниот републички обвинител, Љупчо Коцевски. Според Хајрулахи, Коцевски цели „да го замолчи и да го отстрани“ праќајќи пораки за заплашување и на други обвинители кои делуваат согласно законот. Во неговата изјава, Хајрулахи истакна дека бил под притисок поради работата за случајот со бонусите на поранешните специјални обвинители. Додаде дека неколку вработени во Вишото обвинителство поднеле пријава за мобинг кон него.
-Одлуката е скандалозна поради тоа што главниот обвинител врз основа на записникот на неколку вработени од Вишото обвинителство, кои се жалеле за начинот на кој јас се однесувам, се целосно невистинити, од тоа е покрената кривична пријава истиот ден, на 31 октомври, вели Мустафа Хајрулахи, виш јавен обвинител.
Обвинителот Хајрулахи во Советот за јавни обвинители ја обжали одлуката на Основното обвинителство за неговото суспендирање од функцијата Виш јавен обвинител во Скопје. Хајрулахи рече дека одлуката е тенденциозна и дека истата е донесена на денот кога тој открил, како што вели, скандал, каде се гледа ќерката на главниот обвинител Љупчо Кочевски, дистрибуирајќи материјали за еден медиум.
–Тенденциозна е бидејќи пред неколку дена обелоденив скандал во кој ќерката на главниот обвинител дава материјали на медиум кој потоа истите ги објавува со цел да ме оцрни мене како личност и мојата работа како шеф на вишото јавно обвинителство, вели Мустафа Хајрулахи, виш јавен обвинител.
Хајрулахи рече дека материјалите биде доставени до медиум кој го одредиле тие за, како што рече, да ја оцрнат неговата личност. Објасни дека жалбата е неоснована и доколку е тешка треба да се разгледа во цивилниот суд. Тој изрази сомнежи дека пријавата е дел од тактика за дискредитација и негово заплашување, што почнало од едно упатство на властите на вишото обвинителство.