Обвинителството побара максимална казна за Стојанче Јовановски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана од Скопје која на 2. март почина по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе.

Неговата одбрана, пак, бара ослободителна пресуда. Јовановски ги отфрли делата кои му се ставаат на товар.

„Се би дал да можам да ги вратам моето дете и мојата сопруга“, рече Јовановски во завршните зборови пред Судот.

Обвинителката Адела Бојчевиќ рече дека од исказите на членовите на семејството, психијатриското вештачење, медицинската документација, аудиоснимките и другите докази се дава јасна слика за континуираното насилство и контрола на кои била подложна Ивана пред насилно да си го одзеде животот. Живеела под постојан страв, контрола и чувство на безизлезност.

Обвинителстката во врска со обвиниетиот, рече дека кај него нема душевно заболување кое би ја намалило одговорноста, туку доминирале потребата за контрола, манипулативност, недоволна самодоверба и сомничавост.

Адвокатот Давор Ангелевски, кој е бранител на обвинетиот Стојанче Јовановски, побара ослободителна пресуда за својот клиент со образложение дека приложените докази во постапката се контрадикторни, изјавите на сведоците се претежно посредни, а не непосредни, а не е докажан ниту каузалитетот на настаните на критичниот ден.