„Очекувајте чекање од најмалку 10 часа на граница ако Грција не ја одложи имплементацијата на ЕЕС системот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сојузот на стопански комори пред неколку дена поднесе барање до Грција за одложување на имплементацијата на ЕЕС системот во текот на летниот период, со цел на напливот на туристи од Македонија и од Србија, и да се избегнат долгите чекања на граница.

Во Бизнис 21 на ТВ21 вечерва Аркан Керим, претседател на туристичко угостителската комора при ССК кажа дека ако Грција не се согласи на одложување, тогаш во најдобар случај ќе има по десетици часови чекање на граница.

„Имаме поддршка од цела северна Грција, од хотелиерите целово ова да успее. ЕУ дозволува на одредени членки во одреден момент да го замрзнат системот, да биде стариот систем, бидејќи ова ќе биде сериозен проблем. Аеродромите се поопремени. Ова се автомобили. Одат масовно сите во Грција на море, и сега за еден автомобил со четиричлено семејство треба 10 минути да биде проверен, за еден час ќе има само шест возила. Ќе имаме сценарија, 10-12 часа да се чека на граница и тоа би било добро сценарио. Ќе имаме и подолги чекања“, рече Керим.