„Очекуваме ослободителна пресуда, не знаеме од каде обвинителството виде 50 илјади евра“, велат адвокатите на Јанева

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатите на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев после денешното рочиште за „Рекет“ истакнаа дека очекуваат ослободителна пресуда за Јанева, бидејќи нема никакви докази против овој, како што рекоа, монтиран предмет.

„Денеска ја слушнавте вистината. Нема обвинителството никакви докази, и очекуваме ослободителна пресуда“, рече Фрчкоска.

Кадиев истакна чудење околу тоа каде се видени 50 илјади евра.

„На доказот не се гледа ниту колку пари има, ни дали воопшто се пари. Не може да се види што има на масата“, рече Кадиев кој што смета дека и исказите на Камчев во врска со торбата не се точни бидејќи торбата во тој случај би била потешка.

„Ако е вистина тоа што го зборуваше Камчев, тогаш торбата би тежела околу 25 килограми. А погледнете како Кичеец лесно ја носи истата“, изјави Кадиев.