Очи во очи со ајкула – еве како тоа изгледа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку не можете да замислите како е да се гледате со ајкула очи во очи, погледнете го неверојатното видео што еден од љубителите на авантурите го снимил во океанот, во водите на Австралија.

Необично видео беше споделено на сметката на инстаграм профилот beautifuldestinations.

„Поврзувањето со предаторите е особено интересно, бидејќи тие се природно прилагодени на реакциите на нивниот плен. Ајкулите можат да бидат огледало на нашите емоции. За да комуницирате мирно со предаторите, прво мора да бидете смирени во себе. Ако сте вознемирени, и тие ќе бидат вознемирени “, напиша авторот на видеото.