Од 1 декември повторно ќе се плаќа паркинг во Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Тетово извести дека по неколкунеделен прекин на плаќањето на граѓаните за паркинзите во Тетово, започнувајќи од 01.12.2021 година повторно ќе почне да функционира платениот паркинг. Од таму велат дека одложувањето на плаќањето од неколку недели се должи на откривање на проблемите што ги има оваа компанија, а според нивните инспекции откриваат многу неправилности кои се веќе решени.

„Приходите што ќе ги остварува оваа компанија ќе се користат за плати на вработените, за одржување на паркинзите и за нови инвестиции за граѓаните да имаат најдобри можни услови и максимално да се помогне сообраќајот во градот.Ве известуваме и дека наскоро ќе се создадат нови паркинзи и места“, велат од ЈП „Градски паркинг“.