Од 1 март нема замрзнати цени – Бектеши најавува ограничување на профитните маржи на странските производи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес конференција посочи дека од први март нема да има замрзнати цени.

Тој додава дека најверојатно ќе се ограничи маржата на трговците.

„Оваа недела и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбени производи за оние производи кои се наведени во одлуката за замрзнување на цените за да најдеме начин да нема поскапување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи и во трговијата на мало и во трговијата на големо, имајќи во предвид дека во делот на производите што ги произведуваме дома, таму секако може да се интервенира. Но, забележавме дека производите кои што се увезуваат во нашата земја, кај нив има поголемо зголемување на цените и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на определување на маржите“, посочи Бектеши.