Цената на лебот се замрзнува на 33 денари, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши кој рече дека ова е следи откако компаниите не ги намалија цените иако веќе 3 месеци користат субвенционирана струја од владата.
Со цел да нема манипулации со количината, Пазарниот инспекторат ќе спроведе редовни контроли, а средствата кои до сега беа наменети за субвенционирање на струјата, ќе се пренаменат за други мерки.
Во вторник ќе се одлучи дали мерката за замрзнување на цените ќе стапи о сила од 1 март или 1 април. Инаку, според тоа што го најави министерот, следниве недели ќе замрзант цените и на некои други основни прехранбени производи вклучително и овошјето и зеленчукот.