Претпоследниот ден од Светското првенство во Катар е резервиран за мечот за третото место на турнирот.
Во него со почеток во 16 часот ќе се сретнат Хрватска и Мароко.
Ова ќе биде втор натпревар на овие две селекции на Светското првенство во Катар.
Првиот одигран во 1.коло од групата Ф заврши нерешено без голови (0:0).
