Денеска во Македонија има рекорд на починати лица за едно деноноќие. Дури 50 лица ја загубиле битката со коронавирусот, соопшти министерството за здравство согласно бројките од ИЈЗ.
Дури 19 лица се починати од Скопје, четири од Кичево, по три пациенти од Куманово, Битола и Штип, по двајца од Прилеп, Велес, Струмица, Кочани и Крива Паланка, и по еден починат е пријавен од Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино и Ресен.
Најмладиот пациент е на 46-годишна возраст од Тетово.
Од 50-те пациенти, 46 се починати во болнички услови, и четири во домашни услови.
Вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата во нашата земја изнесува 3 860 лица.
